Top Sport

Трипл-дабл за Леброн, рекорд на кариерата за Хејворд (Видео)

Лос Анџелес Лејкерс против Чикаго Булс ја забележаа шестата победа во низа. Лејкерс славеа 118:112, иако имаа минус од 19 поени во текот на натпреварот, а во последната четвртина Булс влегоа со плус од 14 поени.

Повторно Лејкерс ги предводеше Леброн Џејмс, кој иако има 34 години покажува дека е еден од најдобрите во лигата.

Леброн против Чикаго забележа нов трипл-дабл (30 поени, 10 скока, 11 асистенции). За „Кралот Џејмс“ ова е трет трипл-дабл на последните три натпревари.

Џејмс, со 34 години и 291 ден, стана најстариот играч во историјата на НБА лигата кој успеал на три натпревари по ред да има двоцифрени бројки во три статистички категории. Претходниот рекорд бил во сопственост на Џејсон Кид (34 години и 310 дена).

Исто така тој е првиот играч на Лејкерс по Меџик Џонсон во 1987 година што имал ваков учинок.

Синоќа покрај Леброн Џејмс се истакна и играчот на Бостон Слетикс, Гордон Хејворд. Во победата на Бостон над Кливленд Кавалирс 119:113 тој постигна рекордни во кариерата 39 поени на кои придодаде седум скока и осум асистенции. Одличен меч одигра и Кемба Вокер (25 поени, осум скока).

Резултати:

Шарлот Хорнетс-Индијана Пејсерс 122:120
Атланта Хокс-Сан Антонио Спарс 108:100
Оклахома сити Тандер-Орландо Меџик 102:94
Денвер Магетс-Мајами Хит 109:89

Scroll to Top