Фудбалерите на Интер, го добија градското дерби со 2:1, го елиминираа Милан и се пласираа во полу-финалето во Купот на Италија. Мечот го реши Кристијан Ериксен со гол од слободен удар во 97.минута.
„Пред еден месец кажав дека ова е тимот на Интер. Никој нема да дојде, никој нема да замение. Кристијан е интелигентно момче, тој е дел од овој проект. Среќен сум што постигна гол. Навистина сакав тој да шутира. Тој е многу срамежлив, се надевам дека овој гол ќе му помогне да излезе од својот оклоп. Мора да има повеќе одлучност. Нема да оди во Тотенхем и нема да оди во Лестер“, рекол по мечот тренерот на Интер, Антонио Конте.