Top Sport

Вол со Хјустон го победи Вашингтон, Јанг со 38 поени ги реши Клиперси

Само три натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата, победи забележаа Јута, Атланта и Вашингтон.

Атланта Хокс ставија крај на серијата од седум победи во која се наоѓаа играчите на ЛА Клиперс. Хокс, предводени од Тре Јанг (38 поени), забележаа победа 108:99. Кај Хокс се истакна и екс-играчот на Хјустон, Клинт Капела со 13 поени и 18 скокови.

Клиперс, поради корона-протоколите, беа без двајцата најдобри играчи, Каваи Ленард и Пол Џорџ. Во нивно отсуство се истакна Реџи Џексон со 20 поени.

Јута, без придонесот на своите најдобри играчи, победи во Њујорк 108:94. Бојан Богдановиќ постигна 11 поени, погоди само два пати од поле, а Донован Мичел уфрли девет поени. Ројс О’Нил постигна 20 поени, а Руди Гобер забележа 18 поени и 19 скокови.

Остин Риверс се истакна кај Њујорк со 25 поени.

Убедлив триумф забележаа и кошаркарите на Хјустон. „Ракетите“ славеа во Вашингтон со 107:88. Поранешниот играч на Вашингтон, Џон Вол, го предводеше Хјустон со 24 поени, по 19 постигнаа Виктор Оладипо и Демаркус Казинс кој имаше и 11 скокови.

Најефикасен на мечот беше бекот на Вашингтон Бредли Бил со 33 поени.

Scroll to Top