Top Sport

Конте: Го честевме Лацио со два гола

Прв пат по 16 натпревари фудбалерите на Интер доживеаја пораз. Синоќа во Рим, Лацио го победи Интер (2:1). Тренерот на Интер, Антонио Конте и покрај поразот бил задоволен до играта на своите избраници.

„Мислам дека ова беше добра партија, не ми се допаѓа само резултатот. Се исплашивме откако го постигнавме водечкиот гол. Буквално го честевме противникот со два гола. Момците мора да бидат опуштени кога во дерби мечевите имаат позитивен резултат“, изјавил Конте.

„До крајот на првенството има уште многу натпревари. Треба да се издигнеме што побргу и да се подготвиме за наредниот натпревар. Секако дека се уште имаме шанси за титулата, во игра останаа уште многу бодови“.

Интер по поразот „падна“ на третото место на табелата со два бода помалку од Лацио и три од лидерот од Јувентус.

Scroll to Top