Top Sport

„Погба не е играч на Рајола, тој е фудбалер на Манчестер Јунајтед“

Тренерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер децидно ги отфрла тврдењата што ги пласира менаџерот на Пол Погба, Мино Рајола дека фудбалерот ќе го напушти „Олд Трафорд“.

Рајола неодамна истакна дека желбата на неговиот клиент е да се врати во Јувентус. Менаџерот со оваа своја изјава сакал да г потенцира незадоволството на Погба.

„Сигурно е само тоа дека јас не сум разговарал со Мино. Пол е наш играч, не е играч а Мино. Го чекаме да се рехабилитира од повредата за да може да игра. Сигурен сум дека тоа со нетрпение го чека“, рекол Солскјер.

Тренерот претпоставва дека Погба е несреќен бидејќи поради повредата на глуждот веќе долго време е отсуствува од фудбалските терени.

„Кога сте повредени тогаш сте во чувствителен период. Но и тоа е дел од играта. Тој е фудбалер и сака да игра фудбал. Знае дека мора напорно да работи за да го достигне максимумот. Предизвик за него ќе биде да се врати во вистинската форма. Се ближи денот кога ќе се врати во тимот“.

Манчестер Јунајтед вечерва без Погба и Маркус Рашфорд ќе му гостуваат на Челси. Натпреварот на „Стенфорд Бриџ“ ќе започне во 21 часот.

Scroll to Top