Top Sport

Конте го сака Канте во Интер

Антонио Конте тренерот на Интер од клупските челници побарал во преодниот рок да му го донесат фудбалерот на Челси Нголо Канте. Конте и Канте две години соработуваа во Челси. Покрај Канте, Конте во Интер сака уште еден играч на „сините“, левиот бек Емерсон Палмиери.

Конте смета дека Канте е фудбалерот што му недостига во редот за врска. Овие двајца имаат титула во Премиерлигата, во првата сезона на италијанскиот тренер на клупата на „сините“.

Прашање е само дали челниците на Интер се подготвени да потрошат сериозна сума на пари за да го ангажираат францускиот репрезентативец.

Шпекулациите говорат дека Челси за Канте бараат 70 милиони евра.

Scroll to Top