Top Sport

Конте го сака Жиру на „Меаца“!

Летоска во милански Интер стигнаа Ромелу Лукаку и Алексис Санчез, вториот е позајмен од Јунајтед, но по само неколку настапи, Чилеанецот се повреди.

Тренерот на „нероазурите“, Антонио Конте сака да доведе на „Џузепе Меаца“ уште еден напаѓач за да можат Лукаку и Аргентинецот Лаутаро Мартинез да „земат душа“. Познато е дека Италијанецот сака да игра со двајца шпиц играчи во офанзивата.

Конте според информациите бара уште еден физички доминантен голгетер, а италијанските медиуми лиферуваат две имиња.
Првото е Оливие Жиру на кого на крајот на сезоната му истекува договорот со Челси, а јасно е дека тој не е дел од плановите на менаџерот на „сините“, Френк Лампард.

Доколку Конте не успее да издејствува 33-годишниот Французин да дојде во Милано, тогаш ќе се сврти кон напаѓачот на италијански СПАЛ, Андреа Петања.

Петања важи за исклучително силен напаѓач, првите контакти се веќе направени, но проблем е што а неговите услуги е заинтересиран и Милан. 24-годишниот фудбалер со СПАЛ е врзан со договор до 2023 година.

Scroll to Top