Top Sport

Гостинска „петарда“ од АЗ за Астана (видео)

Холандски АЗ Алкмар убедливо ја совлада екипата на Астана во Казахстан со 0-5 во рамки од четвртото коло од групата Л на Лига Европа.

Холандскиот тим ја наполни мрежата на домаќините и зби на врвот на групата Л пред одигрувањето на вечерашниот дуел во Белград меѓу Партизан и Манчестер Јунајтед.

Кај АЗ Алкмар Мирон Боду (18) постигна два гола, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Мидтсјо, Идризи и Чатзидиакос.

Scroll to Top