Капитенот на Милан, Леонардо Бонучи, по само шест месеци би можел да го напушти клубот. Бонучи во летниот преоден рок дојде во Милан за сума од речиси 40 милиони евра.
Бонучи требаше да биде една од главните алки во новиот Милан, во кој сосптвеникот вложи 200 милиони евра, но целиот проект се претвори во катастрофа.
Како што пренесува „Тутоспорт“, менаџерот на Челси, Антонио Конте, го убедува Бонучи да му се приклучи на „Стенфорд Бриџ“.
Конте веќе го отпиша Давид Луиз, што значи дека Бонучи би требало да ја засии конкуренцијата во дефанзивата во која се Кристенсен, Кејхил, Ридигер и Аспиликуета.
Она што му одговара на Конте, кој добро ги познава квалитетите на Бонучи од времето кога заедно беа во Јувентус, е фактот што дефанзивецот би можел да игра во Лигата на шампионите.