Top Sport

Конте им порача на фудбалерите – треба да сте благодарни што играте во Челси

Антонио Конте им даде порака на сите свои фудбалери кои немаат доволно настапи дека треба да бидат благодарни што воопшто играат за Челси.

Вилијан и Давид Луиз не се дел од тимот на Конте во последно време, и се зголемуваат шпекулациите дека двајцата ќе ја побараат среќата во друг тим. Конте останува на своето.

„Моите играчи мораат да бидат среќни да играат за Челси. Тие мораат да се среќни, без разлика дали се на клупата или на теренот. Имам умни играчи кои го сфаќаат тоа. Кога сте во голем тим, тоа е реалноста“, вели Конте.

Тој беше запрашан за Вилијан, кој беше поврзуван со Манчестер јунајтед минатото лето, а нема настап во Премиер лигата од октомври, но Конте одговори и за Еден Азар и Педро, кои исто така беа на клупата.

„Секој меч се обидувам да го изнесам на теренот најдобриот тим, а во исто време да ги заштитам моите играчи. Би сакал во секој старт да ги имам најдобрите играчи, но тоа не е можно секогаш. Затоа ќе ги штитам“, вели Конте.

Scroll to Top