Top Sport

СЕХА: Вардар лесно со Нексе

По тешкото гостување во Мајнхајм, во Лигата на шампионите кај Рајн Некар, ракометарите на Вардар рутински го одработија дуелот во СЕХА лигата, во Нашице. Вардар славеше над Нексе со 30:21 (15:11) и ја забележа осмата победа, во исто толку натпревари во регионалната лига.

Нексе успеа да му пружи отпор на Вардар во првите 20 минути кога екипите се менуваа во водството. Вардар во периодот од 20. до 25.минута постигна три гола се одвои од противникот на три гола (9:12), а на полувреме беше 11:15.

Надежите на Нексе дека може да приреди некоие изненадување згаснаа по четири минути игра во вториот дел кога европскиот првак се одлепи на 11:18.

Потоа Вардар рутински го одработи натпреварот и дополнително ја зголеми разликата 16:25 во 39.минута, односно 18:28 во 54.минута. До крајот нексе успеа да избегне пораз со двоцифрене разлика.

Втората половина од вториот дел тренерот Раул Гонзалес ја искористи да му даде можност на младиот голман Ѓорѓески и да испроба неколку различни постави во нападот.

Милиќ беше одличен на голот со 12 интервенции, а најефикасни беа Кристопанс со шест, односно Чупиќ и Циндриќ со по пет гола.

Фото: РК Вардар

Scroll to Top