Top Sport

Конте им порача на газдите на Тотенхем: Послушајте ме за трансферите

Антонио Конте секогаш бил тренер кој сакал да работи на одреден начин со одредени фудбалери, така што во Тотенхем треба да го послушаат неговиот совет околу трансферите, откако неговиот клуб е непоразен во Премиерлигата по преземањето на клубот во ноември.

Конте јавно побара да му се донесат посакуваните фудбалери во јануарскиот преоден рок, велејќи дека го информирал претседателот на клубот, Даниел Леви и спортскиот директор Фабио Паратичи за позициите кои мора да се засилат.

„Направив проценки за тимот, зборував со нив и се надевам дека клубот ќе ме послуша“, изјави Конте, во тоа што некои го протолкуваа како предупредување до управата на клубот.

Тотенхем засега не успеаја да купат ниту еден фудбалер во јануари, откако вчера Вулверхемптон им ја одбија понудата од 15 милиони фунти за крилото Адама Траоре.

Scroll to Top