Top Sport

Конте: Имаме мотив да се бориме за титулата

Антонио Конте, менаџерот на актуелниот шампион на Англија Челси, истакнал дека е задоволен од начинот како неговиот тим одиграч против Брајтон во 20.коло во Премиер лигата.

Челси на „Стенфорд Бриџ“ го победи Брајтон со головите на Алваро Мората и Маркос Алонсо и ја продолжи низата на четир мечеви без пораз во првентвото.

„Добро игравме. Имавме 25 удари, осум од нив во рамките на голот, 13 корнери, поголем посед на топка. Доминиравме на ист начин како што тоа го правевеме и против Евертон, разликата е што на овој меч постигнавме два гола, а против Евертон ниту еден. Имавме шенси и за поубедлив триумф. Најважно е што кај моите играчи видов голема посветеност“, рекол Конте.

Челси е трет на табелата во Премиер лигата, има 13 бода помалку од лидерот Манчестер Сити, додека од второпласираниот Манчестер јунајтед заостанува само за еден бод.

„Имаме мотив да се бориме за титулата до самиот крај. Не знам дали ќе успееме, бидејќи сега се зависи од Манчестер Сити кој направи одлична низа на резултати. Ќе се бориме со останатите екипи, имаме голем мотив како и останатите да се пласираме во Лигата на шампионите“, дополнил Италијанецот.

Челси во наредното коло може да ја продолжи успешната низа, в сабота во 21.коло во Лондон ќе гостува Стоук.

Scroll to Top