Top Sport

Теодосиќ со рекордот на кариерата ги воодушеви фановите и соиграчите (Видео)

Милош Теодосиќ беше еден од најдобрите играчи на ЛА Клиперс во победата над Сакраменто 122:95.

Српскиот репрезентативец го собори личниот рекорд во НБА според бројот на асистенции. За 21 минута, Теодосиќ, подели 10 асистенции, а со статистиката запиша и осум поени и четири скока.

Најефикасен кај Клиперси беше резервистот Монтрезел Харел со 22 поени, а Деандре Џордан оставри „дабл-дабл“ од 13 поени и 15 скока.

„Прекрасно е да се игра со него…Мислам дека сите сакаат да играат со него, оној кој не го сака тоа сигурно е луд“, рекол центарот Деандре Џордан.

Од изданијата на Теодосиќ се фасцинирани и навивачите кои не очекуваа вакви изданија од 30-годишниот дебитант.

„Секој НБА навивач заслужува ваков играч каков што Теодосиќ“, напишал еден фан на Твитер, откако Србинот во две четвртини подели осум асистенции.

Сакрамнето го предводеше Вили Коли-Стајн со 17 поени, седум скока и четири урадени топки, додека колегата на Теодосиќ од српската репрезентација, Богдан Богдановиќ имаше учинок од девет поени и по три скока и асистенции.

Scroll to Top