Top Sport

Конте: Интер мора да има „италијански дух“, за мене и Хандановиќ е Италијанец

Антонио Конте вели дека има голема доверба во тинејџерот, Себастијано Еспозито и додава дека Интер и покрај присуството на многу интернационалци (како што кажува и името на клубот), мора да го „заддржи италијанскиот дух“.

Еспозито влезе во игра во мечот со Борусија Дортмунд и покрај тоа што има само 17 години и се очекува да добие долгогодишен договор со Интер. Покрај Еспозито, Интер во текот на летото донесоа уште неколку Италијанци: Николо Барела, Стефано Сенси, Кристијано Бираги, додека се врати и Антонио Кандрева.

„Целта на клубот е да се фокусираме на силни и доверливи фудбалери. Потоа, неизбежно е да мислиме на Италијанците, бидејќи тие знаат како ние работиме. Ние Италијанците сакаме да избираме, да работиме повеќе во детали. Затоа е важно Интер да го има италијанскиот дух. Но, на пример, за мене капитенот Хандановиќ е Италијанец“, објаснува Конте.

Scroll to Top