Top Sport

Конте како подарок за титулата ќе го добиe Милинковиќ-Савиќ

Престојниот преоден рок би можел да го обележи трансферот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС). Италијанските медиуми тврдат дека СМС ова летo сигурно ќе го напушти Лацио. Неколку клубови покажале сериозен интерес за српскиот репрезентативец.

Според медиумите во Италија, СМС, би можел да биде подарок од челниците на Интер за тренерот Антонио Конте за освоената титула во Серија А.

Спортскиот директор на Интер, Бепе Марота, веќе стапил во контакт со менаџерот на СМС.

„Ил Месеџеро“, тврди дека Интер на Лацио ќе им понудат 80 милиони евра за услугите на Милинковиќ-Савиќ.

Овие пари што сака да ги вложи Интер се дел од спонзорскиот пакет од САД, кој изнесува 250 милиони евра.

Scroll to Top