Top Sport

Конте: Кејн е многу, многу уморен

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте изјави дека ѕвездата на неговиот тим, Хари Кејн, изгледа „многу уморно“. Конте изјавата ја даде по елиминацијата од Карабао купот. Тотенхем загуби од Нотингем форест со 2:0.

Капитенот на Тотенхем, од почетокот на сезоната има одиграно 22 натпревари. И покрај тоа Конте го стави Кејн во составот кој не успеа да го победи Нотингем форест.

Кејм, против „шумарите“, одигра 59.минута, кога беше заменет со Брајан Хил.

„Хари има огромен проблем со заморот. Тој е многу, многу уморен… Вчера наутро имавме лесен тренинг, а тој во еден момент застана да собере енергија. Видовте дека мечот со Форест беше многу тежок за него. Од друга страна, како да не користите таков играч. да одлучите да не го користите“, изјави Конте.

Scroll to Top