Top Sport

Конте: Ќе немам респект ако зборувам за Челси и Лукаку

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте одби да влегува во дискусија за шпекулациите дека Ромелу Лукаку сака да замине од Челси токму во неговиот тим, велејќи дека би покажал недостаток на респект ако зборува за ситуацијата на неговиот поранешен фудбалер во неговиот поранешен клуб.

По контроверзното интервју кое призна дека сакал да се врати во Интер (каде што со Конте стигнаа до минатогодишното скудето), Лукаку беше изоставен од тимот за дербито со Ливерпул со најавени „важни“ разговори со менаџерот Томас Тухел и челниците на лондонскиот клуб. Пред дуелот на Тотенхем токму против Челси на „Стемфорд Бриџ“ во Карабао купот, Конте не сакаше да шпекулира.

„Одлично е да играш против тим кој ги има сите фудбалери достапни, и секогаш е најдобро најдобрите да се на теренот. Искрено, не сакам да зборувам за Ромелу, бидејќи тој е играч на друг тим и би било покажување на недостаток на респект да зборувам за него и за Челси. За мене лично, убаво е да се вратам на ‘Стемфорд Бриџ’, првпат откако заминав. Поминав две фантастични сезони со таму, направив многу пријателства и уживав во работата. Морам да им се заблагодарам на Челси бидејќи тие ми дадоа можност да работам во Англија и да го добијам искуството“, вели Конте.

Scroll to Top