Top Sport

Тијаго Силва продолжи со Челси

Бразилскиот ветеран Тијаго Силва потпиша едногодишно продолжување на договорот со Челси, за барем една сигурна опција во одбраната во 2022/23, откако на крајот на сезоната им завршуваат договорите на Антонио Ридигер, Цезар Азпиликуета и Андреас Кристенсен.

Силва дојде на „Стемфорд Бриџ“ како слободен играч во 2020 од Пари Сен-Жермен и има 56 настапи за „сините“ за да стане клучен човек во одбраната и покрај неговите 37 години.

„Да се игра за Челси е вистинско задоволство, никогаш не помислував дека ќе останам три години во овој голем клуб. Ќе продолжам да го давам максимумот за клубот и за навивачите, кои ме пречекаа фантастично“, изјави Силва.

Силва, кој има 102 настапи за бразилската репрезентација, започна професионално со фудбалот во 2002, пред во 2009 да направи трансфер во Милан, за кои одигра 199 натпревари пред да замине за ПСЖ, каде што беше капитен и имаше 315 настапи.

Scroll to Top