Навивачите на Манчестер јунајтед преку социјалните мрежи го потсетија менаџерот на Челси, Антонио Конте за неговата контроверзна изјава пред почетокот на сезоната, откако „Сините“ ја завршија премиерлигашката сезона со 3:0 пораз од Њукасл јунајтед.
Повеќе медиуми од Британија очекуваат италијанскиот тренер да биде отпуштен на крајот на сезоната, иако минатата сезона им донесе титула на „Стемфорд бриџ“, додека навивачите на Јунајтед го потсетија за изјавата пред сезоната.
„Најважно е да избегнеме уште една ’Мурињо сезона’ во Челси оваа сезона“, изјави во јули, Конте, посочувајќи на годината 2015/16, кога по освоената титула под Мурињо, тој беше отпуштен и заменет со Гус Хидинк, а „Сините“ завршија на 10. место на табелата.
Челси оваа сезона ја завршува на петтото место, со пласман во Лигата на Европа како утеха, нешто што сигурно нема да го израдува газдата Роман Абрамович.
? “We want to avoid a Mourinho season!”
– Antonio Conte in July. ??
— ManUnitedZone (@ManUnitedZone_) May 13, 2018