Антонио Конте во новата сезона нема да работи во ниту еден клуб. Шампионот со Интер решил да оди на долг одмор и да и мусе посвети на семејството.
Планот на газдите на Интер, да го налат буџетот и да продадат неколку играчи од шампионскиот тим, го натераа Конте да си поднесе оставка на функцијата.
Тој се поврзуваше со Тотенхем, беше блиску до потпис на договор, но се откажа откако клубот не може да му гарантира дека Хари Кејн ќе остане и дека ќе добие најмалку 100 милиони фунти за засилувања.
Во Серија А не може да работи една година, поради договорот што го постигнал со Интер. Клубот се согласил да му исплати обесштетување, но под услов да не работи во Серија А, во новата сезона.
„Ќе ја поминам оваа година во учење. Не сакав да паузирам, но…Ќе можам повеќе време да минувам со семејството, ќе гледам фудбал“, рекол Конте.