Top Sport

Конте: Клоп е еден од најдобрите тренери на светот

Менаџерот на Челси, Антонио Конте му ласкаше на колегата од Ливерпул, Јирген Клоп пред саботниот меч на „Енфилд“, велејќи дека Германецот е еден од најдобрите тренери на светот.

Конте уште го нема победено Клоп како менаџер, откако Челси загуби дома и одигра нерешено на гости со Ливерпул минатата сезона. Двајцата менаџери се познати по енергичноста на клупата, и Италијанецот даде објаснување за ова однесување.

„Мислам дека двајцата сакаме да го живееме натпреварот со интензитет и страст и да им помогнеме на играчите. Тешко е да не ја покажеме страста, а за мене, речиси е невозможно да седам за време на натпревар. Го сметам Клоп за еден од најдобрите тренери на светот“, вели Конте.

Тој исто така, некарактеристично, застана во одбрана на играта на Ливерпул и покрај критиките за 3:3 ремито со Севилја во Лигата на шампионите.

„Мислам дека Ливерпул се добар и силен тим. Имаат добар тренер, добар идентитет и фантастична организација, посебно во нападот. Работевме напорно да имаме добар натпревар со нив“, изјави Конте.

 

Scroll to Top