Top Sport

Пораз од Бразил на стартот на „Трофеј Карпати“

Македонската женска ракометна репрезентација загуби со 32:19 во првиот меч од меѓународниот турнир „Трофеј Карпати“ во Крајова, Романија.

Македонија успеа да биде рамноправен противник само на почетокот на мечот, за Бразил да стигне до 16:13 водство на полувреме. Во второто полувреме, нашите репрезентативки постигнаа само шест гола за убедлив пораз на селекцијата на Симе Симовски.

Следен тест за Македонија е дуелот со домаќинот Романија во сабота, додека во недела играме со Полска.

Фото: РФМ

Scroll to Top