Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте изјави дека тренерот на Баерн, Џулијан Нагелсман покажал недостаток на почит кон лондонскиот клуб, пренесуваат британските медиуми.
Нагелсман изјави дека Баерн е во потрага по вистинската замена за Роберт Левандовски кој замина во Барселона. Тренерот на Баерн истакна дека би сакал Хари Кејн да го засили германскиот шампион, но истакна дека најголем проблем за овој трансфер е обесштетувањето за англискиот напаѓач.
„Никогаш не зборувам и нема да зборувам за играчи од други тимови. Не знам зошто Нагелсман го направи тоа. Мислам дека покажа одреден недостаток на почит кон Тотенхем. Ситуацијата во нашиот клуб е многу јасна. Хари е важен дел на нашиот проект“, рече Конте.
Секако, ова не е првпат Кејн да се поврзува со преселба во други клубови. Во претходните сезони тој веќе беше виден како член на Сити, а воедно и на градскиот ривал Челси. Сепак, тие трансфери никогаш не се реализирани.
Во сезоната за нас одигра 50 натпревари во сите натпреварувања, постигна 27 гола и имаше 10 асистенции.