Top Sport

Конте: Мурињо е мал човек

Нетрпеливоста помеѓу Антонио Конте и Жозе Мурињо доби нова епизода по нерешниот резултат на Челси против Норич во 3.коло во ФА купот.

Менаџерот на Челси ја продолжи расправата со Мурињо, кој ден претходно порача дека „никогаш нема да биде казнет поради местење на натпревари“, алудирајќи на четирмесечната суспензија која ја доби Конте во сезоната 2012/2013.

„Ако се обидете да навредите некоја особа, а при тоа ја знаете вистината за тоа што се случило, тогаш сте мали како човек. Тој тоа го правеше во минатото, го прави тоа и понатаму и во однина повторно ќе го стори тоа“, рекол Конте.

Вербалната расправија преку медиумите, помеѓу Конте и Муруњо започна пред неколку дена кога Португалецот говореше за „кловновското“ однесување на тренерите за време на натпреварите, а англиските новинари протолкуваа дека неговите зборови беа насочени кон менаџерот на Челси.

Мурињо му врати на Конте: Барем јас не местам мечеви!

Scroll to Top