Top Sport

Бернардески го скрши отпорот на Каљари (Видео)

Фудбалерите на Јувентус во чекор го следат лидерот Наполи откако во 20.коло во Серија минимално славеа во Каљари 1:0.

Играчите на „Старата дама“ од Торино со тешка мака ја пробија добро организираната одбрана на домаќинот. Јуве до трите бода дојде со голот на Федерико Бернадески во 74.минута.

Во текот на мечот двата тима имаа изгледни шанси Јуве во првите 15 минути преку Дибала и Бернадески два пати ја погоди рамката на голот на Каљари, додека шансите за домаќинот не ги реализираа Паволети и Фаријас.

Јувентус со овој триумф повторно му се доближи на бод негатива на лидерот Наполи, додека Каљари остана во долниот дел на табелата.

Scroll to Top