Top Sport

Конте: Не сум опседнат со парите

Антонио Конте ги негирал пишувањата во медиумите, дека парите му се најважни кога договора нов ангажман.

Поранешниот тренер на Јувентус, Челси и Интер, неколку дена водеше интензивни преговори со Тотенхем, на крајот според англиските медиуми, тие пропаднале, бидејќи ме можеле да го договорат финансискиот дел.

Извори од Лондон, тврдат, дека разликата, помеѓу она што го барал Конте и она што го нуделе од Тотенхем, била околу три милиони евра.

„Не сум опседнат со парите. Мене ме интересира понудениот проект, подготвен сум да останам дома, доколку не успеат да ме убедат. Сакам големи предизвици. Доколку не успеат да ме убедат во исправноста на проектот, тогаш сум подготвен да останам дома“, рекол Конте.

Конте во Интер имаше годишна плата од 11 милиони евра.

Scroll to Top