Интер вечерва ќе го пречека Шахтјор во Лигата на шампионите, во вториот меч Борусија гостува кај Реал Мадрид. Ситуацијата во Б-групата е најнеизвесна, сите четири екипи имаат шанси да се пласираат во нокаут-фазата. Реал и Борусија, доколку одиграат нерешено ќе ги елиминираат Интер и Шахтјор.
„Не ме интересираат таквите теории на заговор. Лигата на шампиони е најсилно клупско натпреварување. Тука не постојат договори. Не сум загрижен како ќе заврши дуелот во Мадрид. Воопшто не размислувам за тој натпревар“, рекол тренерот на Интер, Антонио Конте и дополнил.
„Сите екипи ќе играат за себе. Се надевам дека медиумите нема да се занимаваат со шпекулации. Јас размислувам само како да го победиме Шахтјор. Станува збор за одлична екипа“, заклучил тренерот на Интер.
Во пресрет на последното коло, во Б-групата води Борусија со осум, Шахтјор и Реал имаат по седум, а Интер пет бода.