Top Sport

Конте од понеделник ќе го преземе Реал?

Хулен Лоптеги е „омилен“ лик во шпанските спортски медиуми. Реал, не игра добро оваа сезона, а кога тоа е така виновен е тренерот. Речиси еден месец се медиумите пишуваат дека Лопетеги ќе добие отказ, иако играчите застанаа во негова одбрана.

Најновите информации во врска со можниот отказ ги носи „Марка“, медиум кој секогаш е добро информиран за она што се случува во „кралскиот клуб“.

„Марка“, пишува дека Хулен Лопетеги ќе добие отказ в недела, по големото дерби со Барселона и дека на неговото место Реал ќе го ангажира Антонио Конте.

Претседателот на Реал, Флорентино Перез, преговарал со Конте и според истиот извор останале да бидат прецизирани уште некои ситини детали во договорот што би го потпишале двете страни.

Наводно одлуката дека во Реал ќе пристигне Конте, претседателот на клубот веќе му ја соопштил на тренерот Лопетеги.

Антонио Конте, во јули доби отказ во Челси и оттогаш е без работа, бидејќи го тужи клубот, барјаќи целосно да му биде исплатена сумата што според договорот требало да ја заработи оваа сезона. Станува збор за сума од девет милиони фунти.

Scroll to Top