Top Sport

Ван Перси ќе се пензионира

Поранешниот холандски репрезентативец, Робин ван Перси, објави дека ќе се пензионира по завршувањето на сезоната. 35-годишниот кариерата ќе ја заврши во неговиот прв професионален клуб, Феенеорд.

„Кога ќе ја завршам кариерата? Веројатно по завршувањето на оваа сезона. Ќе имам 36 години и тоа ќе биде крај на мојата 18-годишна кариера. Од петтата година знам само за фудбал, можеби е време да се повлечам“, рекол Холанѓанецот.

Ван Перси има постигнато 50 голови на 102 натпревари за репрезентацијата. Тој со Холандија играше во финалето на Светското првенство во 2010 година, а четири години подоцна освои бронзен медал на Светското првенство во Бразил.

Кариерата ја започнал во Феенерод, а во 2002 година им се приклучи на Арсенал. Потоа за 24 милиони фунти, во 2014 година замина во Манчестер јунајтед. Потоа од 2015 година играше во Фенербахче, а минатата сезона се врати во Феенорд.

Scroll to Top