Антонио Конте нема да замине од Интер ова лето, велат од италијанскиот клуб по состанокот на тренерот со газдата Стивен Жанг.
Во кратката објава, Интер велат дека двете страни имале „конструктивен состанок“ во вторникот и дека Конте се согласил да остане уште една сезона на „Меаца“.
„Клубот и Антонио Конте имаа конструктивен состанок фокусиран на континуитетот и стратегијата, во кој двете страни поставија темели за продолжување на соработката во проектот на клубот“, се вели во објавата на Интер.
51-годишниот Конте имаше успешна деби сезона со Интер, завршувајќи на второто место во Серија А и пласирајќи се во финалето на Лига Европа. Сепак, по 3:2 поразот од Севилја во финалето на ЛЕ, Конте повторно ја критикуваше управата на клубот за малата поддршка која тој и неговите фудбалери ја добиваат.
Конте цела сезона беше во конфликт со првите луѓе на Интер, обвинувајќи ги за некои пуштени информации до медиумите и за активностите на клубот на пазарот на играчи.
? | COMUNICATO
Nota del Club in seguito all'incontro con Antonio Conte ? https://t.co/WeULb8XV33
— Inter (@Inter) August 25, 2020