Антонио Конта побара навивачите на Челси да покажат почит кон својот поранешен тренер, Рафа Бенитез на гостувањето на Њукасл на „Стемфорд Бриџ“ овој викенд.
Навивачите на „сините“ и Бенитез имаа „чудни“ односи кога Шпанецот го замени Роберто ди Матео во ноември 2012 година и кога беше именуван за „преоден“ тренер. Навивачите не можеа да му простат на Бенитез бидејќи тој беше тренер на Ливерпул, а и поради изјавите дека никогаш не би бил менаџер на Челси. Сепак, тој со нив стигна до титулата од Лигата на Европа пред да замине од кормилото.
Конте вели дека шпекулациите дека бил во конфликт со Бенитез додека тој беше тренер на Наполи се само шпекулации.
„Мислам дека Рафа Бенитез заврши одлична работа во Наполи. Се сеќавам кога бев селектор на Италија и дојдов на тренинг на Наполи и добро разговаравме. Тој е одличен менаџер и освои многу во кариерата. Мислам дека и во Челси имаше добри резултати, и затоа навивачите треба да го почитуваат“, изјави Конте.
Самиот Бенитез вели дека очекува добар пречек.
„Нормалните навивачи кои ги среќавам на улицата немаат проблем со мене. Кога ќе дојдеш на натпревар, ривалството меѓу Челси и Ливерпул само ја наруши перцепцијата. Завршивме трети, како што сакаше Роман Абрамович, бевме директно во ЛШ, ја освоивме Лигата на Европа. Беше позитивно“, вели Бенитез.