Top Sport

Оригиналниот Роналдо: Групата е балансирана

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо изјавил дека е задоволен од групата во која Бразил ќе игра на Мундијалот. Бразил е носител на Е-групата, а за противници ги доби Швајцарија, Костарика и Србија.

„Мислам дека групата е добро балансирана и дека Бразил може да биде задоволен. Ги имаме сите услови да бидеме први во групата. Има многу потешки групи“, им изјавил Роналдо за бразилските медиуми.

Еден од најдобрите стрелци во историјата на светските првенства со 15 голови истакнал што ќе биде најважно пред Мундијалот.

„Најважна е подготовката, која мора да се спроведе тивко. Сите репрезентативци мора да бидат на дистанца од надворешниот свет“, рекол Роналдо.

Светското првенство во Русија ќе се игра од 14.јуни до 15.јули. Бразил првиот меч ќе го одигра на 17.јуни, во Ростов на Дон против Швајцарија.

Scroll to Top