Бизарната ситуација со тренерите кај поранешниот англиски шампион Челси најдобро се забележа денеска, кога Антонио Конте, иако уште официјално е менаџер на клубот и бил присутен на тренингот, клубот апсолутно го игнорираше во галеријата фотографии и тој воопшто не споменат во извештајот на клупскиот веб-сајт.
Роман Абрамович има план да го отпушти Конте и на негово место да го донесе неговиот италијански сонародник Маурицио Сари, но прво треба да обезбеди Сари да добие дозвола од Наполи да замине од клубот.
Фудбалерите на Челси почнаа со тренинзите пред новата сезона во седиштето во Кобхем, а клубот објави галерија фотографии од сесијата, на која иако присуствувал Конте, беа покажани само 11-те фудбалери кои биле присутни.
Според италијанските медиуми, Сари може да биде претставен како нов тренер на „сините“ во понеделник.
Back to work! ? pic.twitter.com/bqoHkQerPb
— Chelsea FC (@ChelseaFC) July 7, 2018
Our non-World Cup players returned to Cobham this morning as pre-season got underway…
Great to see you back, lads! ?https://t.co/RZOPpLGBl0
— Chelsea FC (@ChelseaFC) July 7, 2018