Антонио Конте, потврдил дека сезонава нема да биде тренер на ниту еден клуб. Тренерот кој доби отказ во Челзи минатото лето, долго време се поврзуваше со Реал Мадрид, а потоа и со Интер односно Рома.
Конте за „Газета дело спорт“, проговорил за своите планови.
„Реал Мадрид во овој момент е ‘жежок компир’, подобро не…Постоеше можност, но лично не сакам да преземем тим во текот на сезоната. Повеќе сакам да започнам да работам од почеток“, рекол Конте.
„Нема да ме видите на клупата на ниту еден тим до завршувањето на сезоната, тоа е сигурно. Интер, долго време се пишуваше за таа можност, но мене никој од клубот не ме контактираше. Нема да брзам, внимателно ќе ги разгледам сите понуди што ќе ги добијам“, аклучил поранешниот тренер на Јувентус и Челси.