Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте планира засилување на екипата.
Медиумите на Островот пренесуваат дека на „петлите“ им бил понуден Белгиецот Еден Азар од Реал Мадрид, но наводно италијанскиот стручњак одбил такво нешто затоа што го познава белгискиот фудбалер уште од времето кога седеше на клупата на Челси.
Сепак, последните информации се дека Тотенхем има друга мета од Кралскиот клуб.
Наводно, Конте сакал Даниел Леви да му овозможи во Лондон да го доведе искусниот велшки репрезентативец, Герет Бејл кој минатата сезона играше како позајмен играч кај Спарси.
Тогаш Бејл постигна 16 гола и имаше 3 асистенции на 34 меча во сите натпреварувања.