Top Sport

Трајковски и Барди прецизни во првиот дел за водство од 2-0 во Ереван

Фудбалската репрезентација на Македонија со одлична предност од 2-0 по првите 45 минути на мечот во Ереван, против Ерменија во претпоследното коло од групата Ј во квалификациите за Мундијалот во Катар во 2022 година.

Иако домашните повеќе ја имаа топката во свој посед во првиот дел, Македонците со два прецизни удари ја стресоа мрежата на голманот Јурченко.

Се играше 22 минута кога Стефан Ашковски направи одличен продор меѓу противничката одбрана, асистираше до Александар Трајковски на кого не му беше тешко да бие прецизно за водство од 0-1.


Ерманија повторно се закануваше кон голот на Димитриевски, Барсегјан се обиде во 31 минута, а 5 минути подоцна повлече Елмас. Ја донесе топката до противничкиот шеснаесетник, асистираше до Енис Барди кој наебранет од никого, шутираше силно десно долу од 20-тина метри за предност од 2-0.

Трајковски имаше уште една можност за комплетен потоп на Ерменците, но неговиот удар од левата страна во 41 минута голманот Јурченко успеа да го скроти.

Македонија е пред императивот победа за да ги задржи шансите за второто место во групата кое носи во бараж, но мораат пулените на Благоја Милевски да чекаат помош и од Исланд кој вечерва гостува во Романија, каде не смее да доживее пораз.

Scroll to Top