Top Sport

Конте сака Интер да му го донесат Бејл

Според шпанската ТВ-програма „Ел чирингито“, новиот тренер на Интер, Антонио Конте побарал од генералниот директор Бепе Марота и спортскиот директор Пјеро Аусилио да се ангажираат и да го донесат Герет Бејл од Реал Мадрид.

29-годишниот Бејл им стана познат на навивачите на „нераѕурите“ во 2010 година, кога им даде три гола, пред три години подоцна да направи трансфер од Тотенхем во Реал Мадрид за фантастични 100 милиони евра.

Старо-новиот тренер на Реал, Зинедин Зидан неколку пати јавно посочи дека Велшанецот е „вишок“ на „Бернабеу“ и покрај тоа  што агентот на фудбалерот изјави дека тој не планира да замине. Бејл има 102 гола и 64 асистенции во шесте години со Реал, но никогаш не успеа да ги освои срцата на навивачите и покрај клучните голови во минатогодишното финале на Лигата на шампионите.

Од друга страна, се очекува Интер да потроши многу пари ова лето за да му овозможи на Конте следната сезона да се бори за Скудетото, но и за добар пласман во Лигата на шампионите.

Scroll to Top