Тренерот на Интер, Антонио Конте е подготвен да го „турне“ неговиот тим до максимални перформанси во финалето на Лига Европа утре против Севилја, но потсетува дека сите се сеќаваат само на победниците.
Конте има искуство на повеќе европски финалиња со Јувентус и вели дека очекува „нераѕурите“ да бидет мотивирани.
„Како фудбалер, играв во доста финалиња, победував и губев многу. Луѓето се сеќаваат само кога победувате. Имам трофеј од Лигата на шампионите, но имам и три порази во финалињата. Во историјата стои само првиот. Мораме да го имаме ентузијазмот и свесноста дека ова е голем момент. Да бидеме горди што сме во финале 10 години по последниот пат на Интер. Историјата ја пишуваат победниците и мора да бидеме тоа“, вели Конте.
Тој не одговараше на шпекулациите дека е подготвен да си замине од Интер поради несогласувањата со управата на клубот, туку кажа дека клубот „расте“ со него и со фудбалерите.
„На почетокот кажав дека ми е потребно да се чувствувам само 1 отсто сигурен дека ќе освојам нешто. Овој процент растеше секој ден, и бевме конкурентни во сите натпреварувања“, додава Конте.