Top Sport

Конте се сложува со Кјелини за „приказната“ на Тотенхем

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте вели дека главната цел е да ја смени „приказната“ на клубот, која се состои од премногу успони и падови.

Пред мечот со Евертон во Премиерлигата, Тотенхем имаат четири порази во последните шест меча од ПЛ и беа елиминирани од ФА купот од Мидлзборо

„Реакцијата беше јасна, бев разочаран, исфрустриран од резултатот, од овие успони и падови. Тоа го велам од првиот ден кога пристигнав. Приказната на Тотенхем е таа, со успони и падови. Да се биде конкурентен и да се освојува нешто важно. Да се биде стабилен и да ги избегнуваш ваквите промени, да ја смениш оваа ситуација. Посебно да ја променам приказната на овој клуб во последните 20 години. Секако, тоа значи дека понекогаш ќе бидеш вознемирен. Понекогаш е добро да си лут“, вели Конте.

Со оваа изјава Конте потсети на изјавата на капитенот на италијанската репрезентација, Џорџо Кјелини во 2018 година, кога Јувентус ги елиминираше Тотенхем во ЛШ со 2:1 победа на „Вембли“.

„Тоа е историјата на Тотенхем. Секогаш им недостасува нешто да стигнат до целта“, изјави тогаш Кјелини во видео кое стана легендарно.

Scroll to Top