Top Sport

Конте се врати во Торино, фановите на Јуве го сакаат назад

Антонио Конте се врати во Торино, каде што вечераше во еден од неговите омилени ресторани, и каде што дел од навивачите на Јувентус го „молеа“ да се врати и да го спаси клубот.

Италијанскиот тренер уште има куќа во Торино, откако поголемиот дел од својата фудбалска и тренерска кариера ја помина со „бјанконерите“, и уште останува во добри сеќавања на тифозите и покрај кратката авантура во Интер, со кои ги победи Јуве за скудетото. Интересно, тој уште се нема обврзано за долгогодишен договор со Тотенхем, така подгревајќи ги надежите на навивачите на Јуве дека е можен камбек.

Scroll to Top