Top Sport

Срна: Ако Грилиш вредеше 100 милиони, што да зборуваме за Мудрик

Дарио Срна, поранешниот хрватски репрезентативец, а сега спортски директор на украинскиот Шахтјор Доњецк ги предупреди премиерлигашите дека клубот нема евтино да се откаже од услугите на Михајло Мудрик, еден од најталентираните фудбалери произлезени од нивната школа.

За Мудрик беа заинтересирани Њукасл и Манчестер јунајтед, но најголем интерес покажаа Арсенал, кои се подготвени да го донесат 21-годишниот украински плејмејкер во Премиерлигата. Мудрик има договор со Шахтјор до 2026 година и во клубот очекуваат рекорден трансфер.

„Кој ќе го сака Мудрик ќе мора да плати огромна сума на пари, бидејќи во спротивност нашиот претседател нема да го пушти. Џек Грилиш го купија за 100 милиони, а вредноста на Мудрик не е помала“, вели Срна.

Scroll to Top