Top Sport

Конте со „боцка“ за Милан: Мислев подобро ќе го бранат скудетото

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте вели дека очекувал Милан да даде поголем отпор во одбраната на скудетото, откако Наполи имаат 18 поени пред „росонерите“ на табелата. Оваа изјава доаѓа пред реваншот во осминафиналето на Лигата на шампиони, каде што утре Милан во Лондон ќе брани предност од 1:0.

Милан ја освои првата титула по повеќе од една деценија, но оваа сезона нивото на тимот на Стефано Пиоли падна и во моментов тие не се ниту на топ 4 позиции. Конте, кој се враќа на клупата по операцијата на жолчката, за „Спорт Медијасет“ даде интересно интервју.

„Милан се италијански шампиони, а ние минатата сезона игравме во Конференциската лига и завршивме на четвртото место. За нас место во осминафиналето на Лигата на шампионите е значаен чекор напред во споредба со лани. Милан пак, сите очекувавме Милан да бидат поблиску до Наполи, но и тие сакаат да се кренат во Лигата на шампионите поради нивната историја. Двата клуба сакаат напред и додека тие во минатото победиле, ние уште немаме титула“, вели Конте.

Scroll to Top