Top Sport

Стерлинг ја поништи предноста на Дортмунд, Бенфика на полувреме има 2:0

На „Стемфорд Бриџ“, пак, на дуелот Челси-Борусија Дортмунд, домаќините ја поништија предноста на бундеслигашот, откако во фантастично полувреме, Рахим Стерлинг, конечно, постигна гол за Челси.

Челси почнаа фуриозно со опсада на голот на гостите, пред „милионерите“ да се заканат со фантастичниот слободен удар на Марко Ројс. Челси дадоа гол во финишот на полувремето преку Хаверц, но тој беше поништен поради офсајд, пред Стерлинг да ја реши мешаницата во 43. минута од мечот. Совршено за возбудливо второ полувреме.

Бенфика е на чекор од пласман во четврт-финалето на Лигата на шампионите, откако по првото полувреме од реваншот против Клуб Бриж имаат 2:0 предност, покрај 2:0 предноста од првиот меч.

Рафа Силва ги донесе Бенфика во водство во 38. минута од мечот, пред Гонсало Рамош во втората минута од судиското продолжение да зголеми на 2:0.

Scroll to Top