Top Sport

Конте со остри критики за трансферите и визијата во Тотенхем

Вторпат во неколку месеци, интервју за италијанскиот „Скај спорт“ предизвикува потрес во англискиот фудбал. Откако во декември, Ромелу Лукаку ги разбесни Челси со критиките за менаџерот Томас Тухел и желбата да се врати во Интер, сега Антонио Конте излегува со супер-остри критики за Тотенхем и политиката на трансфери во клубот.

Откако денеска „Скај спорт Италија“ целосно го објави интервјуто во кое Конте зборува за првите месеци во клубот и за амбицијата во иднина.

„Секако, среќен сум од тоа како работиме и мислам дека завршуваме добра работа. Но, исто така знаеме дека е потребно време и трпение. Има многу млади фудбалери со прво искуство во Премиерлигата, кои мора да го кренат нивото. Тешко е да се споредува со првата сезона во Интер, но ако има нешто слично, тоа е недостаток на самодоверба, што е нормално кога си во клуб кој не победувал долго време. Ние сме еден од многуте тимови од средината и треба да работиме апорно. Ситуацијата е поинаква во перспективата на амбицијата, од играта за победа. Тоа што се случи во јануари не беше лесно. Загубивме четири важни фудбалери, а донесовме само двајца. Само со бројките, наместо да се засилиме, на хартија сме послаби. Има повеќе причини за некои избори на клубот, но не очекував дека ќе видам четири важни фудбалери кои заминуваат“, вели Конте.

Дали може да се надополни разликата на Тотенхем од врвните премиерлигашки клубови.

„Тоа е вистинското прашање. Ова е визијата и филозофијата на клубот. Неизбежно е да сакаш да растеш бргу, а ако треба да го направиш тоа потребни ти се фудбалери со големо искуство. Но, дури сега ја сфатив визијата на клубот“, вели Конте.

Scroll to Top