Top Sport

Конте: Тотенхем се слаби ментално, технички и тактички, ќе треба време

Антонио Конте не го криеше своето разочарување откако Тотенхем загубиј со 2:1 во драматичен финиш од словенечкиот клуб Мура, инаку формиран пред само 11 години, со што си ги загрозија шансите да одат понатаму во третото по ранг европско натпреварување, Конференциската лига на УЕФА.

„Ова е лош пораз за нас. Перформансите беа толку слаби и знаеме дека пред нас имаме многу работа, ова е тежок момент. Потребно е трпение да се подобриме, да бидеме повторно добри. Бевме слаби не само технички и тактички, туку и ментално. Ќе биде потребно време да се врати Тотенхем назад“, вели Конте по мечот.

Спарс сега се на делба на второто место со Витесе со 7 поени, додека Рен веќе ја освоија групата со 11 поени.

Словенечка шок-терапија – Конте и Тотенхем се „удавија“ во Мура!

Scroll to Top