Top Sport

Конте „турка“ за трансфер на Траоре во Тотенхем

Антонио Конте го „пикирал“ Адама Траоре од Вулверхемптон како прво засилување за него на клупата на Тотенхем, надевајќи се дека ќе се склучи договор за 20 милиони фунти, јавува „Дејли мејл“.

Конте смета дека Траоре ќе може да ја пополни позицијата на десното крило во неговиот 3-4-3 систем во Тотенхем, и Вулфс се подготвени да го пуштат 25-годишниот шпански репрезентативец ако дојде добра понуда бидејќи тој влегува во последните 12 месеци од својот договор со клубот.

Тотенхем исто така би сакале да склучат договор и за напаѓач во јануари како партнер на Хери Кејн, а главна мета им е Душан Влаховиќ од Фиорентина.

Scroll to Top