Top Sport

Обвинетиот силувач Бенжамин Менди ќе се брани од слобода

Фудбалерот на Манчестер сити, Бенжамин Менди, кој е обвинет за повеќе силувања и сексуални напади, ќе се брани од слобода, откако му беше одредена кауција.

27-годишниот Менди беше во притвор од неговото апсење во август, откако беше обвинет дека сексуално нападнал пет жени од октомври 2020 до август 2021 година. Францускиот фудбалер е обвинет за седум силувања и едно обвинување за сексуален напад.

Неговото судење требаше да започне овој месец, но сега е одложено барем до јуни, по што беше пуштен на слобода, но не смее да ја напушта својата домашна адреса, да контактира со никого од обвинетите и треба да го предаде пасошот.

Левиот бек пристигна во Сити од Монако во 2017 година за 52 милиони фунти, а по обвиненијата клубот го суспендираше.

Scroll to Top