Top Sport

Конте уште лут за поништениот гол: Со ВАР се убиваат емоциите во фудбалот!

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте повторно влезе во напад на ВАР системот, тврдејќи дека ги „убива“ емоциите во фудбалот, откако на неговиот тим драматично му беше поништен гол во 95. минута за победа над Спортинг Лисабон во меч од Лигата на шампионите.

Хери Кејн го заби голот со кој Тотенхем ќе се пласираа во осминафиналето на ЛШ во средата, но голот беше поништен поради офсајд, а Конте доби црвен картон за својта бесна реакција. Ова значи дека Тотенхем ќе бидат без него на одлучувачкиот меч кај Олимпик Марсеј на гости следната недела.

„Не го сменив мислењето. Повторувам дека таа одлука беше навистина погрешна и ни направи голема штета. Со гол ќе бевме квалификувани, го прославуввме тоа, а потоа чекавме пет минути да се гледа ВАР. Да се направи одлука и да не знаете дали е исправна, ова не е фудбал. На овој начин се убиваа емоцијата. Даваш гол, а не знаеш што ќе се случи потоа. Можеби некој ќе измисли пад минута претходно и голот ќе ти биде поништен. И тоа се случува само кога тие госакаат тоа. Затоа ќе кажам дека мора да има вистинска интерпретација на правилата. Можам да ја оправдам грешката на судијата, секогаш го велам тоа. Но, ако грешиш со ВАР… Тогаш не знам што да кажам. Кога воведоа ВАР во Италиј бев среќен бидејќи знаев дека ако се види видеото ќе има вистинска одлука. Но, тогаш почнаа да се менуваат работите. Почнаа да имаат различни интерпретации и сега не знаешшто да очекува. И не е првпат“, вели Конте.

Scroll to Top