Антонио Конте е новиот менаџер на Тотенхем. Италијанскиот во текот на денот ќе го стави потписот на договорот до 2023 година. Конте на менаџерската позиција доаѓа на местото на Нуно Еспирито Санто.
Инсајдерот за трансфери, Фабрицио Романо, наведува дека директорот на Тотенхем, Фабио Паратичи, од јуни бил во постојана комуникација со Конте, а дека отпуштениот Санто бил втор на листата за нов менаџер.
Конте се враќа во Премиер лигата по три години. Тренерот од Лече, во периодот 2016-2018 го предвдеше Челси. Со овој клуб стана шампион во 2017 година.
Минатата сезона Конте го предводеше Интер до шампионската титула во Серија А.
Според непотврдени информации, Конте ќе има годишна плата од 18 милиони евра.